Мексико е на чекор до легализација на марихуаната за рекреативни цели

Преставниците  на Мексиканскиот сенат започнаа да разговараат во петокот за предлогот со кој ќе се легализира употребата и продажбата на марихуана за рекреативни цели, така што земјата оптоварена со војни со нарко-банди наскоро може да стане најголемиот пазар во светот.
Уште во 2018 година, Врховниот суд донесе одлука дека марихуаната мора да биде легална за рекреативни цели, една година откако законодавците дозволија нејзино користење од медицински причини, но сè уште не се донесени закони за легализирање на неговата употреба.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Израелски агенти уште во август го убиле вториот човек на ,,Ал Каеда”

Законодавниот дом сега сака да го испочитува крајниот рок на 15 декември утврден за легализација од Врховниот суд, со поддршка на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрад, кој сака да ги ограничи приходите на бандите.

Законот за марихуана, за кој дискутираа членовите на здравствениот комитет во петокот, ќе дозволи лиценцирана продажба на марихуана, а на корисниците поседување до 28 грама и одгледување на дури четири растенија дома.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: [ВИДЕО] Навивачи со навреди кон Заев и новинарот Салиу: Еве го шиптарскиот шпион

Исто така, ќе биде основан Мексикански институт за регулирање и контрола на канабисот при Министерството за здравство.

Исто така, постојат ограничувања со кои се забранува пушење и одгледување марихуана за деца и тинејџери и не се дозволува употреба при возење.

Активистите кои се залагаа за легализација на марихуаната во последните неколку недели повикаа на усвојување на законот пред Сенатот, а полицијата ги затвори очите додека слободно пушеа марихуана

[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!