Претседателот на Северна Македонија и Врховен командант на АРМ, Стево Пендаровски, по завршување на седницата на Кризниот штаб, предложи и препорача на Владата воведување на кризна состојба на цела територија на земјата.
Полицијата и војската ќе соработуваат тесно во менаџирање на состојбата. Ќе се ангажираат сите капацитети за заедничка соработка за заштита на населението за време на пандемија.
ПРОЧИТАЈТЕ: Короната која зарази 53 милиони луѓе ја собира во една лажичка
Предложено е до Владата да управува и со приватни здравствени институции, да бидат на располагање за општото добро. Државните и приватните ресурси ќе бидат на располагање на граѓаните, заедно со медицинскиот персонал. Приватните болници ќе бидат обештетени, но не повеќе од 30 отсто од здравствената услуга.

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на седницата на Кризниот штаб, изјави дека најдоцна до утревечер ќе се прогласи 30 дена кризна состојба.
Не ја исклучи можноста за полициски час, но не се разговара во моментов за тоа.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]