Тој објави планови за уште 13 фрегати и нова генерација на воени бродови за кои вели дека ќе предизвика ренесанса на бродоградбата низ цела Велика Британија.„Ако има каква било политика што го зајакнува Обединетото Кралство во секоја можна смисла, тоа е градење бродови за Кралската морнарица“, рече Џонсон пред Парламентот.
Намерите му се Британија да ја има водечката улога во новата ера на глобална соработка и слободна трговија, да ја зајакне државата со модерни воени и сајбер можности.
Одлуката за новата инвестиција дојде една недела откако Џонсон му рече на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден дека Велика Британија е решена да остане негов верен воен сојузник.
Напнати односи со Шкотска
Тој налути многу Шкотланѓани на почетокот на оваа недела кога рече дека трансферот на власта во Шкотска е „катастрофа“.Односите во Велика Британија се затегнуваат поради ,,Брегзит”, одговорот на владата кон пандемијата од коронавирусите, како и повторниот повик на Шкотската национална партија за нов референдум за независност.
Британската влада, меѓудругото, објави дека ќе му помогне на англискиот спорт со 300 милиони фунти (397 милиони американски долари).Рагби унијата во Англија ќе добие 135 милиони фунти, коњски трки – 40 милиони фунти и фудбалот – 28 милиони фунти.
Објавувањето на пакетот за помош дојде откако беше објавено одложеното враќање на гледачите на трибините на почетокот на октомври поради зголемувањето на бројот на заразени низ целата земја и второто затворање на Англија во ноември.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]