Бугарија ги рехабилитираше своите фашисти, а бара да се откажеме од Тито и од партизаните!?

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!
▪ Врховниот суд на Бугарија, во 1995 година, ги рехабилитира првите луѓе на фашистичкиот режим на Бугарија меѓу кои и Богдан Филов, премиер на тогашната бугарската влада под Цар Борис Трети (Филов е стрелан во 1946 година) како и Иван Захариев, кој раководи со скопскиот секретаријат за евиденција, собирањето и депортација на Евреите од Тутунски комбинат (Монопол)- Скопје кон конц- логорот „Треблинка“. Од каде не се враќа никој жив.

ДА СЕ ЗНАЕ!
▪ Во 1996 година, бугарските Евреи кои живеат во САД, во чест на Борис Трети и наводното спасувањето на 50.000 бугарски Евреи, подигнале таканаречена „Бугарска шума“ во Израел. Како дел од истата иницијатива биле подигнати и споменици на царот, на царицата Јоана, на достојници на Бугарската црква и на други личности од тоа време.

ДА Е ЈАСНО!
▪ Во 2000-та година, во Стокхолм се одржува Меѓународен форум за Холокаустот, на кој бугарската делегација, предводена од тогашниот претседател Петар Стојанов, побара да се оддаде на Бугарија – „специјално признание”. Да се додели, според него, улога на Бугарија – на добродетел, затоа што добро ги третирала Евреите за време на Втората светска војна.

Организаторите на форумот го отфрлиле таквиот предлог на Петар Стојанов, а организациите на Евреите од Грција и од Македонија со докази написмено го демантираа ваквото извртување на вистината.

ДА ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕНО!
▪ Како резултат на реакциите на Израелците со македонско потекло и на некои бугарски интелектуалци, откако биле преиспитани сознанијата за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето – со наредба на претседателот Шимон Перез, сите споменати споменици во Израел од бугарски царски личности – биле отстранети.

ДА НЕ СЕ ИЗБРИШЕ!
▪ Во 2008 година Георги Прванов, претседател на Бугарија, при посетата на Израел ја признал вината за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето во логорите на смртта. Израелски медиуми осамнаа со наслови: „Бугарија ја прифати вината за 11.000 жртви на Холокаустот“.
Прванов е прв бугарски државен функционер кој јавно ја признал вината на неговата земја за учество во систематското уништување на Евреите во Втората светска војна.

– Додека оправдано се гордееме со направеното за да ги спасиме Евреите, не треба да заборавиме дека во исто време во Бугарија имало антисемитски режим и не треба да бегаме од одговорноста за судбината на повеќе од 11.000 Евреи кои биле депортирани од Тракија и од Македонија во логорите на смртта – рече Прванов.

Но, сепак. Ова извинување дојде од еден човек, а не од државата Бугарија.
И ден-денеска, еврејските организациите на македонските, а и грчките Евреи, бараат официјално извинување од име на Бугарија.
Како што, идентично, официјално се извини претседателот на Франција, Жак Ширак, за депортација на 75.000 француски Евреи за време на војната.

Фото: Музеј ,,Јад Вашем”, Ерусалим, Израел

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Фактите не се бришат: Во Бугарија постоеја два конц-логори за Евреи!

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!