Бранко, здраво и збогум – дојдоа нови деца во СДСМ, не знаат ни како изгледаш!

Бранко се јави, вајстина се јави! Колку трогателно.
Туку, екс претседателот на Македонија и на СДСМ, Бранко Црвеновски, со пензија од 100.000 денари, кој го заборавивме и како изгледа и не знаевме дали е жив или покоен, изгледа мислеше, откако ќе гукне по толку години молк – сите сдсмовци ќе искокаат, ќе свртат едно ,,Пајдушко” и ,,жизнорадосно” ќе го стават на профилна слика. Веднаш и одма!
Да, да, Црвенковски, едвај те чекаа!

Не сфаќа Црвенковски дека едвај се отарасивме од неговата губитничка аура…по толку порази, празни ветувања, говори, мизерни, сексистички пијани ,,поезии” од типот – ,,не можам да постигнам со сите жени”.
Ем се отарасија членовите, ем гласачите-симпатизерите на СДСМ и… едноставно – се навикнавме дека не постои ваков лик повеќе во нашиот Универзум!

И конечно – никој не сака ликови кои потсетуваат на темната транзиција. А, тоа е токму тој и неговото минато и сегашно опкружување, кои, мора и сакаат да му даваат инфузии. За да се чувствува сè уште како важен политички фактор, без кој не се може.
Молам, фактор кој!? Кога последен пат Црвенковски се сретнал со американски, германски, француски, белгиски, шведски, дански амбасадор…и куп други? Памети некој?
Па, овој човек ни кога беше власт не леташе со авиони во странство, да оддржува дипломатски врски за Македонија, веројатно поради страв од летање.

Црвенковски престана да ја движи политичката сцена уште пред 10 години кога одбил, неофицијално, да ги пушти славните ,,бомби” против Никола Груевски! Ако за нешто е заслужен Црвенковски, тоа секако е за 11-годишното владеење на режимот.

Бранко…дојдоа нови деца во тоа СДСМ. Паметни, цврсти, бистри, попаметни од нас кои бевме во тоа СДММ, кога ти беше лидер, а губеше на секој чекор. Свежа крв дојде. Тие деца ќе ја водат Македонија напред без тебе и твоите губитнички политики и ,,наташини” и твои афери ,,Надеж 1″, ,,Надеж 2″, од кои се извлековте сите по ред. Да не мислите заборавени сте.

Во која година ти живееш, човеку, каде си застанат во 1993!? Дојдоа нови деца кои не знаат ни како изгледаш, не те слушале, виделе, едноставно немаат поим кој си и кои се овие ,,твоиве” на кои им даруваше функции, ги направи милионери, им ја раздаде македонската земја. И новинари ,,печурки” повеќе немаш, освен еден, побелен и истрошен, со падната коса кој оди на пресови кај Хари.

Како мислиш да се враќаш во СДСМ, не ми е јасно, со таа твоја Наташа и нејзините ,,ивори куклици”, која се тепаше и со соседи, ја имаше во медиуми!?

Има нова инфраструктура во СДСМ, нова струја, ново светло, поправена е цевката која ,,течеше” кон Груевски.

Ни келнерите во градов повеќе не те служат преку ред, како во минатото, кога развратот и расипништвото беа приоритети, а ти мислеше дека вечно ќе владееш, макар и во опозиција. Не те ни препознаваат.

Заев, каков е таков е, ама тој им е со години идол на ,,новите дечки”. Како што и ти беше на многу деца, во тоа темно транзициско доба, кога ,,пукаше” ТАТ, пропаѓаа фабрики и осиромашуваа семејства, банкарите се богатеа, ти пиеше виски, трупаше благодети, се шеташе ко бег и уживаше во славата и женските воздишки, Бузле се труеше со печурки, Илинка чекаше функции, па дочека, па виде-не виде во 2001 почна да моли и да вреска за меѓународна помош…и многу други покојни со афери, да не ги споменувам.

Бранко, помири се. СДСМ не е твоја сопственост, а особено не твоја играчка. Ти си политички мртов, а и сите кои решија да те следат. Политичката сцена се смени, се сменија генерациите, гласачкото тело.

Требаше да оставиш нешто зад себе! Еве јас не можам да набројам три работи, добри, кои ги остави. Киро Глигоров не го сметам како твој ментор во оваа прикаска, тој е ѕвездата која сјае. Не ти.
Ти што остави? Куфери и куфери афери од кои СДСМ се ,,чистеше” цела деценија. И бол, и тага, и чемер и јад!
Тоа.

Заборави.
Оди си. Од каде што се појави за миг.
Ова СДСМ нема да се враќа на тебе.
Како што љубовниците никогаш не се враќаат на оние кои им оставиле црнила во душата.
Така и овој народ.

[ЈИЈ]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!