Ах, к*рва, разведе се, па нормално…кој ќе гу трпи њума с’с тој деколте

,,РАСКАЖУВАЧКАТА” 

 Пишува: 🎬 Фросина Ѓорѓиоска

„Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале“ – (Џон Ч. Колинс)

Џенифер Лопез се сликала гола. Тоа им се допаѓа на 8 милиони луѓе во светот, ама на Богданка од Нагорно Удоличане – не.
-А, мори, Јованке, виде ли гу онај стара магарица Џеј Ло, гола се сликала, како не е срам, 52 годишна жена, мајка на големи деца, сликала се огол гола. Големо чудо, вежбала.. затегала се е, ама к’д нема мозак што да ву праву. На тија паре и ја ќе сам како њума. Ама гола не се сликам, да ме зборев после. Домаќинл’к треба, муж треба да и` га дотера памет. Иначе јас немам паре да се фризирам и нокте да праву, ама ако сакам можу да трчам, да вежбам, ама што ќе ми е, арна сам ја и вакој, што ќе вежбам да се поту без потреба. Славе мој закла свиња с’г за зимово, па ќе топемо чварке, што има ја да се мучу да вежбам, убава сам си вакој. С’г да зему додека се кисне тесто за кифле, да исцепу дрва. Нема да биду курвештана како Џејло, Мејло и онија други певаљке. – и` раскажува Богданка на Јованка во онлајн-разговор.

Славе на Богде, ко ќе се напие – знае да му заигра левата рака

Има 37 години, мајка на две полнолетни деца. Домаќинка, невработена по нејзина желба, се бања во недела на евтина. Стајлингот на косата и` е спонзороран од маслодајна. Металик розев кармин, зелена сенка, расипана двојка горе десно, неизбричени мишки – дека Славе сакал природно. Плетен волнен елек со егзотични мотиви од родниот крај, тегет тренерка и крзнени папучи со мртво маче одозгора.

Мрази сè што е подобро и поуспешно од неа. Сите што добро изгледаат и што носат минич се курви. Ја оговара јатрвата со продавачката во кооперација, а после и` оди на кафе и ја гушка, без маска, се разбира, оти корона за Богде не постои. А, богами и Богде не постои за короната после секојдневно јадење на лук и слични ароматични афродизијаци на кои се пали Славе.

Животен успех и` е што се омажила и тоа секогаш со гордост го потенцира, иако Славе ко ќе се напие знае да му заигра левата рака и малце да ја удри, ама ништо не е тоа, убав брак си имаат, сложен. Секогаш оди по линија на помал отпор и за секој личен неуспех – виновни и` се или другите или судбината, ама таа никако.
Секоја што е сексапилна, успешна, паметна, слободоумна, независна, автентична или авангардна, за неа – е курва. А, курва е затоа што Богде само пред самата себе успева да признае дека тие жени се сè таа што сакала таа да биде, а немала храброст да проба.

Да цркнат тија таквија што си растурат бракове

Славе барем еднаш годишно ја тепа. Сака да го остави, гори од желба за таков чекор, ама бидејќи не сакаше да работи, сега е финансиски зависна од него. Исто така не го остава и заради – ,,што ќе речат комшиите”. Ќе и` се смеат. А, ако го остави, Славе ќе го величаат, а неа ќе ја жалат. И си седи. И пишува злобни коментари по социјалните мрежи ко ќе слушне дека некоја се развела:
-Ах, курва, разведе се, па нормално, кој ќе гу трпи њума с’с тој деколте. Распуштеница. Бедотија. Гнаса. Место да ќути, да биде среќна што е некој с’с њума, таа ќе се разведуе. Срамотилк. Да цркнат тија таквија што си растурат бракове – , си вели таа често во себе.

ПРОЧИТАЈТЕ: Апасиев и Левица се исмеваат со граѓаните – поднеле амандмани за маникир и телепатија

Ваквиот коментар и` е само блага утеха за тоа дека таа самата не е способна на таков чекор, душата и` плаче за развод, ама пред роднините на слава мора да покаже дека сè е во најдобар ред со нејзинот брак. И затоа и се криви и ги мрази тие што се развеле.

Исто и за изгледот. Направила инстаграм, ставила една слика од свадбата на брат и`, стар ерген, 30 години, едвај го оженија…. И гледа слики на инста од згодни жени и коментира дека една мајка не треба така да се однесува. А, појма нема што значи шоу бизнис и моќта на социјалните мрежи. Не е важно човек како изгледа, но важна е грижата за себе, а тоа подразбира и грижа за своето тело и здравје во рамките на можностите.

Ако си покрупна, не значи дека си грда. Ама ако сакаш да имаш тело кое го немаш, тогаш немој да го мразиш тој што го има она за кое ти сонуваш, туку потруди се колку можеш да се приближиш до она коа го посакуваш.

Разголена – курва, згодна мајка – курва, филери на устата – курва. Насмеана – ааа курва, само ја ебат затоа се смее. Богата – мора да има спонзор, шо не сум богата јас, туку таа, сигурно за пари се ебе. Вежба – нема друга работа во животот, се глупира. Не сака да раѓа – ааа, мрази деца. Долго време нема дечко – лезбејка е. Си лепи Богде етикети кај ќе стигне, како декларации на производите во фабриката за колачи кај што работеше цел еден месец. А, уствари и таа сака да има филери и бели заби, ама нема. Сака и` да вежба, ама ја мрзи. Сака да има свои пари, ама не и` се работи. Сака да е богата, ама нема муда за да преземе ризик за свој бизнис, па затоа секоја што заработила пари за неа е спонзоруша.

А, ако сака не и` требаат пари. Нека почне да трча…Ама поарно и` е да лежи у фотеља и да кука како таа немала среќа да е згодна. Таа да изгледа ко Џеј Ло, гарантирам – гола би шетала по улица. Ама пусто не и` се може. И затоа е злобна.

Оние кои ве мразат, сакаат да сте вие

Драги мои, секогаш кога некој без никаква причина, од нигде – никаде, ќе ви даде злобен коментар полн со завист, разберете го тоа како комплимент. Тие сакаат да го имаат тоа заради кое ве критикуваат.
Разбирам некој да се брани вербално и да ве навредува ако вие први лично сте го нападнале. Ама некој да биде зајадлив, злобен и да навредува, а ти не знаеш ни дека постои тој човек е дно, од кое Балканов не може да излезе.
Балканскиот човек тоне во сопствените ограничувања, има потиснати желби кои не си дозволил да ги реализира заради тоа што ќе речеле другите. И си останал несреќен. И сега, како оправдување пред самиот себе за незадоволството од својот живот, нормално е да ги мрази и критикува тие кои живеат со полна пареа, кои не им робуваат на конзервативните сфаќања, кои ја наоѓаат среќата без да им е гајле што ќе речат другите. Балканецот редовно ги мрази тие малкуте, кои, живеат слободно, затоа што тие се слободни, а типичниот балканец е роб. Роб на предрасудите, стереотипите, конзервативизмот и патријархатот. Нормално е да ве мразат. Кога си роб, му завидуваш на тој што е слободен. И место да се трудиш да ја напуштиш улогата на роб, ти губиш време и енергија мразејќи го и критикувајќи го слободниот. А, слободниот не е крив затоа што ти си таму, каде што си. Тој не ни знае дека постоиш. Ти се фокусираш на омразата и зависта према него.
Затоа драги мои, ставајте круните на глава и секогаш кога некој ќе ви упати лична навреда или критика без вие да сте иницирале нешто такво, сфатете го како комплимент. Таа личност само сака – да си ти.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!