Дивите животни во природата носат во себе нови вируси, предупреди ,,жената лилјак”

Лилјаците од пограничните региони на југот и југо-западот на Кина носат други коронавируси кои веќе имаат капацитет да преминат на луѓето, истакна кинескиот научник д-р Ши Џенгли од Институтот за вирусологија во Вухан.
Според неа, овие вируси, вклучително и други кои се блиски роднини на Сарс-КоВ-2, што предизвикуваат Ковид-19, веројатно кружат во природата надвор од Кина.

САРС-КОВ-2 мутирал пред да прејде на луѓе

Ши е позната под прекарот „Жена лилјак“ затоа што нејзината истражувачка група ги проучува коронавирусите на лилјаците повеќе од една деценија.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа: На протестите не застануваат ни пензионери за сеир

Други научници рекле дека се речиси сигурни дека панголините (влекачи) го пренеле вирусот, веројатно од лилјаците, откако првите биле увезени во Кина.
Тим од истражувачи пак посочиле дека Сарс-КоВ-2 се здобил со повеќето мутации што го направиле вирусот пренослив на луѓето, додека сè уште бил во лилјаците.

Ши вели дека земјите треба да ги зголемат истражувањата на болестите, пренесени од животни на луѓе. Воедно и дека нациите треба да ги споделат своите откритија транспарентно во рамките на подготовките за понатамошни избувнувања од нови видови на вирус.

Беше обвинета од Трамп дека вирусот излегол од нејзината лабораторија

Според неа, се откриваат нови вируси дури и кога светот продолжува да се бори со сегашната пандемија.
,,Ако сакаме да спречиме човечките суштества да страдаат од нова епидемија на заразни болести, мора однапред да научиме за овие непознати вируси што ги носат дивите животни во природата и да дадеме рани предупредувања“, рече таа за кинеската телевизија CHTN.

Кинеската „жена-лилјак“ претходно беше обвинета од американскиот претседател, Доналд Трамп, дека вирусот излегол од нејзината лабораторија, по што таа објави докази и тестови.
Во мај годинава, новата група на тестови докажа дека коронавирусот не потекнува од нејзината лабораторија за вирусологија во Вухан.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: Секс скандали кои тресеа: Геј-конзервативци фатени во женска облека, во ве-це, на хотлајн

Ши, која е заменик директор на Институтот за вирусологија во Вухан, за кинескиот весник ,,South China Morning Post” тврдеше дека ажурираните тестови на примероци – крв земени пред осум години од група рудари кои се разболеле откако работеле во пештери со лилјаци во југозападна Кина, покажале дека никој од нив не бил заразен со КОВИД-19.
Наодите на Ши беа објавени во мај како дополнување на трудот што таа го објави во февруари во научното списание „Природа“, навел весникот.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!