Пророштво на научник во 1972: Се ближи крајот на светот – човештвото има уште 27 години живот

Во 1972 година, еден јужноафрикански научник, нобеловец, кој предавал на универзитети во Австралија и потоа во Тексас (САД) бил во посета на Белград. Визионерски во едно интервју – предвидел дека на човештвото му преостануваат уште 75 години живот. Од оваа изјава, поминаа 48 години, па прашањето е дали нормалниот живот ќе трае само уште 27 години!?

Станува збор за Џон О’Мара Бокрис, научник и хемичар, тогаш од Универзитетот Фландрија во Австралија. Таа година го посетил Белград на состанок на хемичари од целиот свет, во чест на 75-годишнината од српското хемиско друштво, јубилеј кој се славел таа година.

ПРОЧИТАЈТЕ КАКО ГРАД СКОПЈЕ ГО ИСЦЕДИ БУЏЕТОТ ЗА ЕЛКА И СТАРИ УКРАСИ: И за што беа потрошени 200.000 евра – ќе ни пее Бијонсе на плоштад?

Бокрис, врз база на научни сознанија, рекол дека глобалното загадување ќе биде најголем проблем на човештвото и дека нивото на морето ќе се зголеми во иднина, како и стапката на малигни заболувања.
Како што потенцирал тогаш, ако продолжи употребата на фосилни горива што ги користи тешката индустрија, природата ќе возврати, наведувајќи период од 75 години до конечниот крај на нормалниот живот, односно „крајот на светот“

Написот во ,,Вечерње новости”, објавен во март, 1972 година

,,Човештвото има само 75 години живот. До 2020 година, природните живеалишта ќе се намалат, а животните и растителната вегетација ќе исчезнат. Жителите на нашата планета ќе се задушат во смог на почеток на 21 век, а голем процент на јаглеводороди во атмосферата ќе предизвикаат зголемување на нивото на морето. Со светот исто така ќе управуваат канцерогени болести “, рекол Бокрес во 1972 година.
Додал и дека: „луѓето со шишиња – кислород на грб нема да бидат астронаути или нуркачи, туку жители на големите градови”.

ПРОЧИТАЈТЕ КАКО ЛЕВИЦА ЌЕ ТУЖИ АКО ГИ ПРАШАТЕ ЗА НАШИ ПАРИ: Апасиев полуде за 150.000 евра, се искара со новинари, ЗНМ ќе го пријави во полиција

Таа година, таквата реченица, колку и да доаѓала од луѓе-експерти, веројатно изгледала смешна. Но, за нас кои денеска живееме во 2020 година, ова предвидување од минатото, изгледа многу застрашувачко.

Што требало да се стори за да се спаси светот од самоуништување, што, според еминентниот научник – не било далеку?

Од сите гасови што се ослободуваат слободно во атмосферата, јаглерод диоксидот е најопасен, посочил. Сепак, најмалку внимание се посветува на тоа, бидејќи широко се верува дека растенијата го обработуваат овој отров во елемент на животот – кислород, со помош на фотосинтеза.

Тешката индустрија долго време ја нарушува вековната врска на јаглерод диоксид – растенија – кислород, бидејќи дневните количини на гас што се ослободуваат во атмосферата од вегетацијата на земјата не можат да се преработат во кислород.

,,Освен задушување, на човештвото му се закануваат и поплави. Во атмосферата се случуваат разни хемиски промени што влијаат на температурата и климата во поларните региони. Тие сигурно ќе доведат до топење на мразот и покачување на нивото на морето. До 2020 година, нивото на морињата и океаните ќе бидат значително зголемени – и нивното ниво ќе се зголеми за цел метар “, било дел од неговото пророштво.

За чистење на загадената атмосфера околу нашата планета, потребни се најмалку 50 години со примена на нова технологија во тешката индустрија.
Сегашната се базира на фосилни горива.
,,После тоа, планетата ќе изумре, односно ќе дојде крај на нашата цивилизација”, рекол професорот Бокрис со акцент дека социјалистичките земји мора да бидат првите носители на развојот на новата технологија во тешката индустрија.

[Објавено во ,,Вечерње новости”, март, 1972 година, автори: Миша Адамовиќ и Мирјана Лукиќ]

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!