Допрва ќе се истражува каде е пропустот околу бегството на Сашо Мијалков, екс директор на УБК, за кој се очекуваше пресуда неделава во ,,Таргет-Тврдина”.
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашања со новинарски акцент дека ,,второ бегство на политичар од висок профил не може да е случајност”, тврдеше дека ,,нема политички договор апсолутно” околу недостапноста за органите на Мијалков, кој, полицијата не може да го лоцира од вчера.
– Се случи уште едно бегство, на Сашо Мијалков, кој се очекува да биде осуден во ,,Таргет-Тврдина”. Нашиот народ очекува правда и расветлување на случајот.
Разочарани сме што тој сè уште не е пронајден. Ќе барам целосно расветлување, институциите да постапат согласно законот. Во деновите пред нас, очекувам детални информации – изјави Заев.
На прашањето кој ќе понесе одговорност, тој рече дека ќе ,,побара одговорност кога ќе ги знае деталите”.
– Се надевам дека лицето Сашо Мијалков ќе биде исправен пред правдата, ќе биде пронајден. Очекувам одговори, дали тоа ќе биде БЈБ, АНБ, министерот, премиер, не знам – одговори премиерот.
Како што потенцираше, одговорност ќе се бара и од судот, од обвинителството.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]