Околу стотина возила чекаат во секој момент, на граничниот премин ,,Табановце”, меѓу Македонија и Србија, за влез во земјава по вакцинацијата кај соседите. Колоната од двете страни е долга, а се чека околу половина час за влез, раскажаа наши соговорници кои се вакцинирале вчера во Белград, а имаат двојно државјанство – македонско и српско.
– Сè беше беспрекорно. На ниво, професионално од организаторот и докторите. За пет минути бевме вакцинирани со ,,АстраЗенека” – ни изјавија денеска тие.
Сепак, иако нашите соговорници имаат двојно државјанство, државата Србија, дозволи вакцинација и на македонски државјани – по претходно закажан термин.

Освен за денеска, наши државјани, имаат закажано термини за вакцинирање и за утре. Поради полицискиот час кај нас, од 22 часот, некои ќе преспијат денеска во хотелите во соседна Србија.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]