Околу законот за легализација на дивоградби, кој наиде на жестоки и огорчувачки реакции во јавноста, а на кој претседателот Стево Пендаровски вчера стави вето, со свој став се огласи и Џевдет Хајредини – долгогодишен политички аналитичар, поранешен министер за финансии во 90-те, а своевремено и новинар.
Коментирајќи ја денешната изјава на премиерот Зоран Заев, на својот ФБ профил, Хајредини напиша:
,,Заев изјави дека ако законот не се врати во Собрание, веднаш ќе треба да почнат да се рушат 50 илјади објекти на граѓаните.
Зошто до сега не се рушени?
Ова не е заштита на 50.000 објекти на граѓаните, туку е взаемна амнестија за партиски криминални структури кои граделе на узурпирано државно земјиште. Од нив зависи и владината ,,стабилна коалиција”.
Ова е и озаконување на криминалот на урбаната мафија.
Ова е уште еден доказ дека Македонија навистина направила многу повеќе, отколку ЕУ бара од неа.
Ова е и заеднички договор за непочитување на законите и на правната држава.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/05/04/%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]