Провинцијата во Чешка , Моравија вчера беше погодена од силно невреме проследено со град со големина на тениски топки и исклучително ретко, но силно торнадо.
Досега е потврдена смртта на три лица, а над 200 се повредени. Торнадото погоди неколку градови на југоистокот на Чешка и урна куќи до темел.
Министерот прогласи вонредна состојба
Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек прогласи вонредна состојба, додавајќи дека може да има мртви. Истакна дека во тек е потрага по преживеани, кои се закопани во урнатините.
„Сите расположливи спасувачи се мобилизирани и се на пат кон областа Ходонџин, каде торнадото погоди неколку општини“, напиша Хамачек на Твитер.
Владата размислува да ја мобилизира војската ако е потребно, рече тој. Австриските и словачките спасувачки служби се очекува да пристигнат за да им помогнат на Чесите.
Торнадото срамни половина град
Чешката новинска агенција ја цитираше изјавата на градоначалникот Хруски дека торнадото срамнило со земја половина град.
Десетици повредени се примени во болница во Ходонџин откако торнадото кое преврте автобус.
Според Би-Би-Си најтешко погодените места изгледаат како воена зона.
Гувернерот на Јужна Моравија: Ова е пекол
Гувернерот на Јужна Моравија, Јан Гролич, нешто пред десет часот рече дека свикал кризен штаб во девет и пол. „Ова е пекол“, рекол тој.
Според заменик-градоначалникот Марек Бабиш, половина од селото Хрушки во регионот Бжецлав е оштетено од торнадо.
“Половина од селото беше срамнето со земја, се гледаат ѕидови без покриви, без прозорци. Црквата нема покрив, нема кула, автомобилите беа фрлани кон семејните куќи, луѓето немаа каде да се сокријат”, рекол тој.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
(ВИДЕО ОД ВИКЕНДИЦАТА) Шилегов живее во луксуз, а кај нашите покојни во Бутел – вежба асфалтирање!
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]