(Видео +18) Закана од вируси: Уште колат лилјаци, кокошки и кучиња на пазарите во Индонезија

Повеќе од една година откако изби коронавирусот во светот, лилјаци, стаорци, обоени кокошки, сè уште се продаваат во нехигиенски услови на т.н ,,влажни пазари” за животни во Индонезија, што може да биде извор на многу болести.

Кинеските власти го затворија пазарот во Вухан, како и другите пазари на кои се продаваа животни, со цел да го заштитат угледот на земјата од која пристигна корона вирусот.
Научниците се сомневаа дека вирусот потекнуваше од лилјаците кои се продаваа во Вухан.

Фото: ПЕТА организација за заштита на животни

Меѓутоа, на островот Сулавеси во Индонезија, еден од најголемите во таа земја, беа откриени продавачи на лилјаци и стаорци, покрај свињи, кучиња, змии, жаби, кокошки и патки, чие месо се смета за деликатес во овој дел од светот.
Повеќето животни, како што пренесува ,,Индипендент” се во кафези или врзани. Продавачите продавале и кокошки обоени во разни бои за да ги чуваат како домашни миленици.

Извори соопштиле на истражителите од организацијата за заштита на животните ,,Анимал Воч” дека пазарите продолжуваат да функционираат без влијание од пандемијата, иако Светската здравствена организација побара да се запре уличната продажба на живи животни. Експертите велат дека нехигиенските услови на пазарите на живи животни се плодна почва за заразни болести, од оние што можат да се пренесат од животни на луѓе.

Насилното чување животни во кафези драстично го зголемува нивото на стрес кај животните, што ги прави повеќе подложни на болести, преку воспоставување близок контакт со животински видови со кои луѓето никогаш не би се сретнале, освен во дивината. Со тоа шансите вирусот да премине од животно на човек се зголемени. Сведоци, кои ги посетиле тие пазари, рекоа дека условите се нехигиенски и сурови.

АКЦИЈА!ПОДАРУВАМЕ!!!
Со секој купен Липо пакет добивате 1 блистер GE132 – 15 дневна терапија за силен имунитет. LIPO + GE132 одлична комбинација за здраво и брзо намалување на килограмите.GE 132 според научните студии одлично го штити имунолошкиот систем и клетките од оксидативен стрес.
Имуностимулаторот ја враќа енергијата и го регенерира организмот.
Дознај повеќе на: https://www.facebook.com/LipoMkd/
Акцијата трае од 09 – 24 Јули.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

Лилјаци, кучиња и птици беа пронајдени во голем број на пазарот Лангован и пазарот Каромбасан, а многу лилјаци беа видени на пазарот Бериман, како и стаорци, еден куп змии и обоени кокошки.

Повредени кучиња биле ставени во мали кафези, чекајќи да бидат убиени. Работниците не носеле ракавици додека продавале мртви или живи животни, додека земјата била покриена со крв и црева, објави организацијата „Четири шепи“.

-Ковид нè предупреди дека треба да обрнеме поголемо внимание на тоа како се однесуваме кон животните. Чувањето животни во кафези во сурови услови, брутално постапување со животни и колење, како и отпадот што произлегува од сето тоа, е совршено поле за размножување на заразни болести, рече еден истражувач.

Откако кинеските пазари кои продаваа живи животни беа поврзани со појава на коронавирус, владите ширум светот започнаа акција за затворање на такви места.
СЗО посочува дека на глобално ниво околу милијарда случаи на болести и милиони смртни случаи се случуваат секоја година поради болести што се пренесуваат од животни на луѓе и дека 75 проценти од новите болести доаѓаат токму од животни.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!