
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во вечерашната емисија ,,Топ Тема” на Телма, најави прес-конференција за финансиски проневери на неговиот претходник Стевчо Јакимовски, поточно обелоденување на ревизорски извештај во понеделник и негово поднесување до Основното јавно обвинителство.
-Има сериозни индиции за проневера на пари-, рече Богоев, додавајќи дека за многу реализирани, а платени проекти, затекнал само прикачени ливчиња ,,реализирано”, но не и фактури и детални извештаи за сработеното во мандатот на Стевчо Јакимовски.
Богоев, се огради од тоа дали Јакимовски е виновен или не по некој основ, таа улога ја препушти на обвинителството.
Меѓудругото, посочи дека бараките каде сега е сместена општинската администрација, се дивоградби.
Повеќе детали најави во понеделник.