Радишани: Од корен е обновена Бутелска со нов коловоз, водовод, тротоари и бус постојки

Целосно е обновена улицата „Бутелска“ во населба Радишани во делот на коловозот, оштетените тротоари, автобуските постојки, информираат градските власти. Коловозот е реконструиран на површина од 7.700 квадратни метри и должина од 850 метри.

– Поради дотраеност, се изврши и подобрување на водоводната линија Ф-400 со цел намалување на веројатноста од дефекти на новоасфалтираната улица во иднина. За атмосферската канализација се изгради дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија – објаснуваат надлежните.

Додаваат дека со реконструирање на улицата Бутелска се реши децениското барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се подобри функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!