Масакар во Америка: Убиени пет деца и еден маж во семејна куќа

Шест лица, меѓу кои и пет деца, беа застрелани во малиот град Мускоги во американската држава Оклахома.

Полицијата уапси вооружен маж осомничен за масакрот, пренесоа американските медиуми.

Полицијата примила пријава за нападот во 1:30 часот по полноќ, откако се слушнало пукање од куќа во Мускоги. Полицијата на лице место наишла на лице вооружено со пиштол, при што еден полицаец пукал кон осомничениот, но не го убил. Осомничениот потоа избегал од местото на злосторството, но бил уапсен многу брзо.

Полицијата во куќата пронашла тела на четири деца и еден маж на самото место, а друго дете подоцна починало од повредите во болницата во градот Тулса. Жена со тешки повреди пренесена е во болница.

Властите сметаат дека не станува збор за случајни убиства, напротив дека постои конекција меѓу осомничениот, убиените и жената која се бори за живот. Соседите рекле дека семејството се доселило минатата недела во нивниот град.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ – РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА НА ЧИЕ БИРО ,,БЛЕСКАШЕ” СЛИКА ОД ЗАЕВ: 

ДИРЕКТОРОТ ОД ТЕАТАР КОМЕДИЈА: ,,Да, на моето биро стои слика од Заев” (2)

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!