Планетарно славната ѕвезда, рок-музичарот Ерик Клептон информираше дека нема да настапува никаде, ако на присутните, каде што има закажан концерт – им се бара да покажат доказ за вакцинирање.
Неговата најава следува како одговор на владата на Велика Британија, според која – за пристап до ноќните клубови ќе бидат потребни пасоши за вакцинација. Ваквата информација важи до крајот на септември.

Клептон рекол дека нема да дозволи дискриминација на публиката.
– Сѐ додека не се обезбеди одредба за присуство на сите луѓе, го задржувам правото да го откажам шоуто – изјавил тој.
Меѓудругото, пред неколку месеци, тој ги сподели своите негативни искуства од приемот на вакцината на „АстраЗенека“. Тврдеше дека имал сериозни реакции, при што се запрашувал дали повторно ќе може да свири гитара.
И додека дел од јавноста се воодушевува на неговиот гест и го нарекува ,,новиот бунтовен панкер”, други потсетуваат на неговото неславно расистичко минато и изјавата на сцена, на концерт во 1976 во Бирмингам, кога бараше ,,сите странци да си заминат од земјата и Британија да остане бела”. Потоа, многупати Клептон се извини, обвинувајќи ги за својата расистичка изјава – тогашната негова зависност од алкохол и дроги.
[Фото: Е.Клептон, Фејсбук профил]
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
(ВИДЕО ОД ВИКЕНДИЦАТА) Шилегов живее во луксуз, а кај нашите покојни во Бутел – вежба асфалтирање!
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]