Како за партија која истресе од ракав 18 милиони евра за Панорамско тркало во вид на субвенции за ЈСП, вмровци многу се потресле и се бунеле за 12 милиони евра субвенции за ЈСП кои деновиве морале да ги гласаат за потешкотии во работење, АВЛ системот и бесплатни билети, кои имено – самите ги воведоа.
Па уште одозгора се закажувале некакви вонредни седници на полноќ, дополнение на редовните…глупости.
Порано полесно беше во време коцево, креваш рака за Буџет и толку. Сега мораме да висиме онлајн и да слушаме бесцелни муабети дали требало субвенции и колку – на подседница на седницата, кога точно се знае дека ЈСП е загубар околу 15 години наназад и мора да живее од финансиски инјекции од градски Буџет.
За потсетување, Петре Шилегов пред две години на ЈСП му додели 10 милиони евра субвенции, а Коце Трајановски 5-6 милиони евра. Годинава се изгласани 12 милиони евра, за 20 отсто помалку одошто беше предвидено – 14 милиони евра.