Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, во дебатна емисија на телевизијата ,,24 Вести”, вечерва, обелодени дека највисоката катност на планираните згради во нацрт урбанистичкиот план за Расадник е – 14 ката. Притоа, додавајќи дека како Општина воделе сметка за струењето на воздухот. Не смета дека 14-катници ќе ја сопрат ,,ружата на ветрови” во овој дел од градот. На прашањето од новинарката Анета Додевска, колку од 100-те згради се планирани со наведената катност, тој рече дека не може да се сети во моментот.
[facebook]