Двајца Срби, викендов, спасувале мало куче, кое било шутнато со нога во Охридско езеро од непознат човек. Случката, поткрепена со фотографија од драматичното спасување и хуманиот однос кон животните од странци на врнежливо време, беше објавена на социјалните мрежи.

Во Охрид, каде неодамна имаше труење на кучиња среде плоштад, и тоа по којзнае кој пат, со несмалено темпо продолжува малтретирањето на беспомошни животни и нехуманиот однос кон нив. Нешто кое е казниво со Закон. Локалната власт, задолжена за редовна грижа, хуман однос, но и цивилизиран третман на бездомни животни, исто како да не постои во овој град. Градоначалникот Константин Георгиески, пред некој ден, ги обвини сите за труењето на кучињата, само не и себеси како најповикан да воведе ред во овој туристички град, да ги открие сторителите и да не дозволи идни вакви грозоморни сцени. Тој, во соопштение до јавноста, дури заклучи дека ,,некој” сака да му го наруши политичкиот углед со труењата на кучиња, како што самиот имено убедува и верува.
[facebook]